Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Хамилтон во романтична врска со руски модел, а ја „следи“ Роналдо

Руската убавица и модел, Викторија Одинцова (26) тврди дека имала романтична врска со Ф1 пилотот Луис Хамилтон. Сепак, како што вели таа, во моментов се само пријатели.

„Имавме различни видови на односи. Во одреден временски период беше романтично. Тој ми се додворуваше. Но, тогаш овој однос се разви во пријателство. Живеам во Русија, а тој живее во странство. Сега сме само пријатели кои си испраќаме честитки за празници, вели Одинцова за руските медиуми.

Таа откри дека и на социјалните мрежи, каде што има над 5 милиони следбеници ја „следи“ и Кристијано Роналдо.