Тајмаут
ФОТО: И Босанците имаат своја Дилета Леота
Веројатно оние стравствените љубители на фудбалот знаат која е Дилета Леота. Но, за оние кои не знаат, да потсетиме. Станува збор за спортска новинарка и ТВ водителка, која често е присутна на фудбалските терени и која, барем пред пандемијата со коронавирусот поради која мечевите се играат пред празни трибини, предизвикуваше воздишки кај навивачите.
Но, своја Дилета Леота имаат и босанците. Во центарот на вниманието на медиумите во Босна и Херцеговина е згодната спортска новинарка и водителка Зерина Патковиќ. Слично како и Дилета, така и Зерина често е присутна на фудбалските терени од каде известува, а со нејзиниот изглед и појава, секогаш привлекува внимание.
Таа е водителка на популарната спортска тв мрежа Арена Спорт.