Фудбал
ФОТО: И даде гол на Македонија, беше најавен како големо засилување, но по шест месеци е испратен на позајмица
Валентино Лазаро по само шест месеци ја заврши авантурата во Интер. Официјално тој е нов член на Њукасл, каде е испратен на позајмица до крајот на сезоната. Премиерлигашот ќе има можност да го откупи за 23,5 милиони евра на крајот од сезоната, а на Интер за позајмицата сега треба да му плати 1,5 милиони.
Валентино Лазаро е репрезентативец на Австрија и добро познат на македонската јавност. На квалификацискиот меч одигран помеѓу Македонија и Австрија во Скопје тој го постигна првиот гол во победата од 4:1 на неговата репрезентација.
Овој меч се одигра на 12-ти јуни, а веќе на први јули Лазаро потпиша договор со Интер. Италијанскиот тим за него на Херта Берлин плати 21 милион евра и беше најавуван како големо засилување. Сепак, не ги исполни очекувањата на Конте.