Connect with us

Кошарка

ФОТО: И каменот би се расплакал, сопругата на Коби Брајант емотивно ја одбележа годишнината

Поминаа речиси три месеци од трагичната смрт на Коби Брајант. Тој заедно со својата 13 годишна ќерка и останатите патници го загуби животот во хеликоптерска несреќа.

Смртта на легендарниот поранешен кошаркар на ЛА Лејкерси ја потресе целиот свет, но најголемата болка сепак ја носи неговата сопруга Ванеса и останатите членови на семејството.
Неговата сопруга вчера ја одбележа 19-годишнината од бракот со една фотографија од архивата и опис поради кој и каменот би се расплакал.

-Кралу мој, срце мое, мојот најдобар пријател. Се најдобро за 19-годишнината од бракот, душо. Толку ми недостига. Би сакала да си тука и да ме држиш во прегратка. Те сакам, напиша Ванеса која традиционално 18 април го одбележува како ден кога се омажила за Коби Брајант.