Connect with us

Фудбал

ФОТО: Иако толку млад, гладен за трофеји, сепак Мбапе направи неверојатен потег

Француското првенство е прекинато. Шампион е ПСЖ, а Килијан Мбапе е прогласен за најдобар стрелец со 18 постигнати погодоци.

Е, сега, немаше да има никакви проблеми, доколку и Бен Једер од Монако немаше ист број на погодоци. Мбапе, иако има 21 година и е гладен за трофеји, како колективни, така и индивидуални, сепак направи неверојатен гест.

Тој преку социјалните мрежи се заблагодари за наградата, но порача дека таа треба да му припадне и на Бен Једер. Воедно порача дека може и во Франција да се следи примерот како во Англија, двајца играчи со ист број на голови да добијат награда.