Фудбал
ФОТО: Ибрахимовиќ стартуваше на клупа, но доби топло добредојде пред мечот со Сампдорија
Се очекува на денешниот меч со Сампдорија Златан Ибрахимовиќ да дебитира. Натпреварот започна во 15 часот, но шведскиот интернационалец првите 45.минути ги преседе на клупата. Резултатот е почетниот, без голови.
Сепак, од страна на тимот Милан имаше топло добредојде пред мечот и тоа на големиот видео бим на „Сан Сиро“.
Златан Ибрахимовиќ потпиша шестмесечен договор со Милан, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.