Ракомет
ФОТО: Игор Караџиќ се врати во Македонија – “Уживај пријателе во рајот на земјата“, му напишал пејачот Жељко Самарџиќ
Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ првомајските празници, заедно со својата свршеница Душица Андоновска, ги минува во Дојран.
Игор на „Инстаграм“ објави фотографија сликана покрај езерото. „Како да медитираш од што ти е убаво“, му коментираа фановите. Меѓу тие што оставија порака на сликата на Карачиќ е и пејачот Жељко Самарџиќ.
