Поврзи се со нас

Други спортови

ФОТО: Играч на ПСЖ го „лајкнал“ постот на Хабиб за Макрон, па потоа мораше да се правда

Хабиб Нурмагомедов привлече големо внимание на јавноста откако на социјалните мрежи жестоко го критикуваше францускиот претседател Еманеул Макрон, кој по терористичките напади во Ница изјави дека Исламот е извор на тероризмот. Хабиб порача дека се надева дека Господ ќе го унакази лицето на Макрон поради неговите изјави.

Бројни познати личности и спортисти дадоа поддршка на Хабиб, како што се Миралем Пјаниќ, Карим Бензема,  а еден од оние кој го „лајкна“ кометнарот е и фудбалерот на ПСЖ Преснел Кимпембе.

Сепак, за ова доби бројни критики во Франција, па и на социјалните мрежи откако ова излезе во медиумите.

Кимпембе мораше да се правда.

-Јас се занимавам со спорт, а не со политика. Исто така не знам руски. Го осудувам тероризмот и сите врсти на насилство без никакви исклучоци, но исто така ги осудивам сите смрдливи обиди за манипулација, порача Кимпембе.

 

loading...

Facebook