Кошарка
ФОТО: Играше со Леброн Џејмс, а сега е бездомник кој питачи низ улиците на Далас
Некогашниот НБА кошаркар Делонте Вест (37) е фотографиран на улиците на Далас како питачи и бара пари за храна. Овој тажен момент стана вирален на социјалните мрежи. Навивачите се натажија од фактот што Делонте Вест банкротирал потполно по успешната кошаркарска кариера, завршена пред пет години, па почнаа да се распрашуваат каде се движи и како можат да му помогнат.
Наводно веќе подолго време неговиот поранешен тренер Док Риверс и поранешниот соиграч Џамир Нелсон се обидуваат да го најдат и да му помогнат. Делонте Вест имал тешко детство, растел во сиромаштија, па и веројатно од таму е причината поради која почнал да користи разни дроги. Се смета дека токму поради дрогата сега останал без ништо. Наводно дијагностициран му е биполарно пореметување и депресија.
Delonte west really out here in north dallas smh pic.twitter.com/9SxZzIO5AP
— ?? (@CallTcooks) September 22, 2020