Connect with us

Фудбал

ФОТО: Икарди продаден на ПСЖ, само еден играч Интер продал за повеќе пари

И официјално ПСЖ соопшти дека го купил Мауро Икарди кој оваа сезона играше како позајмен во Париз. Интер ќе инкасира 50 милиони евра. Заедно со бонусите сумата може да порасне за уште осум милиони, а доколку ПСЖ го продаде на друг тим, пред се италијански ќе треба на Интер да му доплати уште 15 милиони евра.

Сепак, Икари не е фудалер на кој Интер најмногу заработил. Само еден е пред него, а тоа е Златан Ибрахимовиќ кој на Барселона во 2009-та е продаден за 69,5 милиони евра. По Икарди следува Роналдо со 45 милиони, на четвртото место е Ковачиќ со 38, а Балотели ја комплетира првата петрока кој е продаден за 29,5 милиони евра.