Тајмаут
ФОТО: Има ли некој да ми го провери срцето
Лидс, за кој настапува нашиот Алиоски, се врати во Премиер лигата. Првиот меч го одигра на „Енфилд“ против Ливерпул и во неверојатен меч беше поразен со 4:3. Три пати Лидс се враќаше од негатива, но на крајот се поразени со гол од пенал.
Со многу емоции мечот го гледаше и провокативната водителка на клупската ТВ Ема Џонс, која се повеќе го привлекува вниманието на социјалните мрежи откако Лидс се врати во Премиер лигата.
Таа на својот твитер напиша: Дали има некој да ми го провери срцето!, секако алудирајќи на исходот од мечот и тоа како се движеше резултатот.
Anyone available to check my heart? ?
— Emma Louise Jones (@eljonesuk) September 12, 2020
Доби голем број на пораки и коментари, пред се од мажите кои се понудија да и го проверат срцето, но тоа е првенствено поради нејзиниот изглед.