Connect with us

Фудбал

ФОТО: Интер пристигна во Неапол, сите фудбалери со заштитни маски

„Новата реалност“, вака во целиот свет се нарекува состојбата во која се наоѓаа планетата земја. Речиси во сите земји во светот има коронавирус. Во некои слабее, во некои почнува за жал сега да зема замав. Како една од мерките е сите да носат маски и да се држи дистанца.

Како многу други работи, така и фудбалот повеќе не е ист. Се рестартираше фудбалот и во Италија. Синоќа е одигран првиот меч по паузата, Јувентус против Милан во реваншот од полуфиналето во Купот. Мечот заврши 0:0, а благодарејќи на резултатот од првиот дуел (1:1) Јувентус се пласираше во финалето.

Вечерва се игра вториот дуел, Наполи го пречекува Интер. Првиот меч заврши со победа на тимот од Неапол со 1:0. Фудбалерите на Интер утрово пристигнаа во Неапол, но сите фудбалери, стручниот штаб носеа заштитни маски на лицата. Слики кои веројатно уште долго ќе ги гледаме.