Connect with us

Други спортови

ФОТО: Искористи кондом да го поправи проблемот, па освои бронзен медал на ОИ во Токио

Џесика Фокс освои бронзен медал за Австралија на Олимписките игри во Токио во трка на кајак-едносед. Таа се најде во центарот на вниманието на медиумите откако откри дека имала проблеми со својот кајак пред почетокот на самата трка и дека немала време за соодветна поправка и реакција. Нејзиниот кајак бил оштетен од страна, таа тоа го забележала непосредно пред трката, па се одлучила на неверојатен потег.

Имено, Фокс го искористила својот кондом кој го ставила на оштетеното место, па на тој начин учествувала на трката и на крајот успеала да стигне до бронзениот медал.


 

Facebook