Connect with us

Фудбал

ФОТО: Изразот на лицето на Ибрахимовиќ кога слушна дека Пиоли го продолжил договорот до 2022-година

Златан Ибрахимовиќ синоќа против Сасуоло постигна два гола во победата од 2:1 и е најзаслужен за новите три бода на Милан. По мечот зборуваше за натпреварот, головите, но беше запрашан и за тренерот Пиоли, односно на одлуката на тимот да му го продолжи договорот до 2022 година.

Неговиот израз на лицето договолно говори. Според реакцијата, Ибрахимовиќ не знаел за тоа, а веројатно е изненаден со ваквата одлука на челниците на Милан.