Connect with us

Фудбал

ФОТО: Јувентус, Лацио или Интер, шампионска трка во Италија, ова е распоредот до крајот!

До крајот на оваа сезона во Серие А, која беше прекината поради коронавирусот, остануваат уште 12 кола. Јувентус, Лацио или Интер, се прашуваат италијанските медиуми. Кој ќе биде годинава шампион.

По 26 одиграни мечеви, Јуве е лидер со 63 бодови, Лацио е втор со 62, Интер со синоќешната победа над Сампдорија има 57 бодови.

Секој од овие три клуба ќе одигра уште 12 мечеви. Се знае и распоредот. Се чини дека најтежок распоред има Лацио, а со Јуве имаат и меѓусебен дуел. Интер веројатно е со полесна задача, но интересно е тоа што во последното коло сите имаат тешки мечеви. Јуве дома игра против Рома, Лацио гостува на Наполи, а Интер на Аталанта.