Connect with us

Фудбал

ФОТО: Како Диего Коста со еден потег го воодушеви светот

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Диего Коста со начинот на кој го прослави израмнувачкиот погодок против Атлетик Билбао покажа дека сепак има големо срце. Тој во 39-та минута беше прецизен за 1:1, отиде до клупата за резервни фудбалери, го зема дресот со бројот 14 и го крена во воздух. Овој дрес всушност го носи Вирџинија Торесија од женскиот тим на Атлетико, која во мај оваа година имаше операција на тумор на мозокот. Коста со овој начин искажа почитување и поддршка за тешката борба која ја води.