Фудбал
ФОТО: Како ќе изгледа екипата на Манчестер Јунајтед по доаѓањето на Бруно Фернандес?
Манчестер Јунајтед денес потврди дека постигнале договор со Спортинг околу трансферот на Бруно Фернандес.
Овој 25-годишен Португалец одамна е на мета на „црвените ѓаволи“, кои конечно успеаја да најдат заедничка основа со клубот од Лисабон.
Фернандес веќе пристигна во Манчестер на медицински прегледи, по што ќе потпише договор и ќе биде официјално претставен како ново засилување за клубот.
Со доаѓањето на Фернадес и закрепнувањето на повредените играчи, Солскјер сега има на располагање респектабилен тим. Англиските медиуми веќе објавија како ќе изгледа екипата на „црвените ѓаволи“ по пристигнувањето на Фернандес.
