Connect with us

Фудбал

ФОТО: Како Конте го шокираше раководството на тимот, ова се неговите желби за следната сезона

Интер и оваа сезона на неколку кола до крајот испадна од трката за титулата со Јувентус. Во последните неколку кола од сезоната изгуби неколку бодови во дуелите со „помалите“ екипи. Во Италија се појави информација дека се подготвува негова замена, што подоцна беше демантирано од страна на челниците на Интер, кои велат дека Конте останува на клупата.

Но, не само тоа, туку ќе се обидат да ги исполнат неговите желби за засилувања. Сепак италијанскиот „СпортМедиасет“ објави вест за наводните желби на Антонио Конте за следната сезона.

Раководството на Интер сигурно било шокирано, бидејќи дел од фудбалерите веројатно во моментов се невозможна мисија. Доколку се пресмета нивната моментална цена на сите тие играчи, Интер би требало да одвои над 300 милиони евра само во летниот преоден рок. Ако се земе предвид кризата со пандемијата со коронавирусот, ова е практично невозможно.

Желбите на Конте се Алаба од Баерн Минхен, Емерсон од Челзи, Канте од Челзи, Погба од Манчестер Јунајтед, Џеко од Рома, Видал од Барселона и Габриел Жезус од Манчестер Сити. Кој од овие фудбалери ќе заврши во Интер останува да се види.