Други спортови
ФОТО: Како се вика капата која ја носи Хабиб и што симболизира?
За Хабиб Бурмагомедов во моментов во светот на спортот многу се зборува, особено откако одлучи да се пензионира практично на врвот на кариерата. 32-годишниот Дагестанец со скор од 29-0 одлучи да се повлече по победата над Џастин Гајџи.

Медиумите сега пишуваат интересни факти или податоци поврзани за него. Па така на ред дојде неговата капа која ја носи пред секој настап, односно до влезот во рингот.

Капата се вика папаха. Таа е еден вид традиција во Дагестан. Ја носеле претците на Хабиб, па поради тоа ја носи и тој. Направена е од волна од овза, а потоа врзана со конец. Папаха наводно симболизира сила, односно дека личноста која ја носи е задоволна со себе си за да живее во планините.