Connect with us

Фудбал

ФОТО: Каква шлаканица за Флорентино Перез, лажел за Баерн Минхен и ПСЖ

Флорентино Перез, кој прв ја пласираше идејата за европската Суперлига, а која вчера доби официјализација откако 12 тимови се потпиша, даде интервју вчера во кое рече дека се уште не ги поканиле ПСЖ и Баерн Минхен да бидат дел од оваа лига.

-Се уште не сме го поканиле ПСЖ. Ќе разговараме со уште многу тимови и ќе им го објасниме проектот за Суперлигата. Доколку ПСЖ и Баерн одбијат да бидат дел од ова натпреварување, нема проблем. Суперлигата нема да пропадне поради нив, вели Перез.

Сепак, еден ден подоцна медиуми објавија документи дека практично ПСЖ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд веќе биле поканети, но одбиле да бидат дел од ваков проект. Германски „Шпигел“ објави документи со кои потврдува дека Флорентино Перез лаже.

Во меѓувреме ФИФА ја поддржа УЕФА во битката против новата Суперлига.