Фудбал
ФОТО: Кин се соочува со строга казна за „лудувањето“ со проститутки
Напаѓачот на Евертон, Моизе Кин ќе биде сериозно казнет откако направи голема забава со проститутки.
Тој ги нарушил сите можни права за време на карантинот. Тој ангажирал танчерки и проститутките и лудуваа до зори.

Евертон остро ги осуди постапките на нивниот фудбалер.
„Фудбалскиот клуб Евертон е свесен за инцидентот во кој првотимецот ги игнорираше мерките на Владата и клупските наредби поврзани со пандемија на коронавирус. Клубот изрази големо разочарување од играчот и сака да укаже дека таквото однесување е неприфатливо“, објавија од Евертон.

На крајот на краиштата, италијанскиот фудбалер ќе биде строго казнет. Тој ќе ја плати оваа забава 100,000 фунти и тоа ќе биде и тоа ако скапа забава.
Неговата иднина на Гудисон секако е под знак прашалник поради лошите игри што ги обезбеди во текот на сезоната и нема да биде ни чудно ако Евертон се ослободи од него.