Connect with us

Фудбал

ФОТО: Конте има јасна желба-Лука Модриќ

Лука Модриќ пред почетокот на сезоната се поврзуваѓе со трансфер во Италија. Двата градски ривали од Милано беа заинтересирани за неговите услуги. Сепак, на крајот тој остана во Реал Мадрид. Според шпански „Спорт“, Хрватот ќе остане во Мадрид до крајот на сезоната, а потоа најверојатно ќе го облече дресот на Интер.

Истиот медиум пишува дека Антонио Конте јасно ставил до знаење дека за следната сезона сака на располагање да го има Модриќ. Операцијата веќе се подготвува, а договорот со Реал му истекува во јуни 2020-та година.

„Спорт“ воедно пишува дека Интер е во предност пред Милан, само поради спортскиот директор Марота, кој е фудбалски гури за ангажирање на фудбалери според Босман правилото.