Connect with us

Фудбал

ФОТО: Конте прави распродажба во Интер, на листата 11 фудбалери, дали е придодаден и Ериксен?!

Според угледниот италијански весник „Газета дело Спорт“, тренерот на Интер Антонио Конте подготвува распродажба во летниот преоден рок. Како што објави овој весник на листата се наоѓаат 11 фудбалери, меѓу нив Шкриниар, Брозовиќ, Годин, Азамоа. Освен овие играчи, наводно Конте ќе ги продаде и Гаљардини, Весино, Дамброзио, Еспизито, Бираги, Ранокија и третиот голман Берни.

Најголемата причина за  продажбата на голем број на фудбалери е собирање на пари во касата, но и обезбедување простор за нови засилувања, а списикот наскоро Конте ќе му го испорача на директорот Марота.

Дел од медиумите во Италија пишуваат дека на оваа листа ќе биде придодаден и Кристијан Ериксен кој е ангажиран во зимскиот преоден рок од оваа сезона за 20 милиони евра. Наводно Конте не е задоволен од Ериксен, односно Данецот не може да се вклопи во неговата филозофија на игра, па ќе го продаде, но сепак за не помала сума од 60 милиони евра.