Connect with us

Фудбал

ФОТО: Кoрените го влечат дома, новата ѕвезда на Јувентус на одмор во Охрид

Корените секако влечат дома. Иако се знае дека родителите на Дејан Кулушевски, новата ѕвезда на Јувентус потекнуваат од Македонија, иако играше за младинските категории на нашата држава, сепак одлучи сениорскиот дрес да биде оној на Шведска. Иако имаше понака да заигра и за Македонија, се одлучи да игра за репрезентацијата на земјата во која што тој е роден, а не земјата на неговото потекло.

Но, сепак како и пред неколку години, така и оваа година, Кулушевски одлучи одморот да го мине во Охрид. Објави неколку фотографии на социјалните мрежи. Ужива во убавините на Охрид заедно со Жоел Асоро, фудбалер на Свонси и соиграч од младинската репрезентација на Шведска.

 

View this post on Instagram

 

Really livin life..🙏

A post shared by Dejan Kulusevski (@dejan.k10) on

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com