Connect with us

Фудбал

ФОТО: Кристијано Роналдо го фрли дресот на Јувентус, навивачите збеснаа, но не ја знаеја вистинската причина

Јувентус славеше со 3:1 против Џенова, а по мечот, на кој Кристијано Роналдо не брилјираше, навивачите на „Старата дама“ збеснаа. Имено, Португалецот го фрли дресот, но без да ја знаат вистинската причина, фановите „екплодираа“ на социјалните мрежи.


Сепак, неколку моменти подоцна стигна објаснувањето за потегот на Роналдо. Имено, според новинарот Ромеро Агрести, ѕвездата на Јувентус не го фрлила дресот од нервоза или слично, туку сакал да испочитува едно момче. Момчето кое беше задолжено за топките крај аут линијата го барал дресот од Роналдо, а овој само го фрли кон него. Дресот сепак завршил на теренот, а потоа момчето дотрча и го зема.

Сепак, брзо по критиките почнаа да стигнуваат и пофалби за Роналдо.