Connect with us

Фудбал

ФОТО: Лацио потврди, “доживотен договор” за најдобриот стрелец во Серие А

Чиро Имобиле останува во Лацио до 2025-та година. Тимот од Рим потврди дека е постигнат договор со напаѓачот и дека ќе биде потпишан договор. Имобиле има 30 години, што значи дека ова за него е “доживотен договор” односно, доколку го одработи до крај, или ќе се пензионира, или ќе замине надвор од Европа.

Со 36 голови Имобиле минатата сезона ја доби Златната копачка во Италија.