Тајмаут
ФОТО: Леброн ја изневери сопругата со Инстаграм – ѕвезда
Леброн Џејмс е еден од ретките НБА кошаркари кои го задржаа својот углед без ниту една контроверза во текот на 15-те години од неговата прекрасна кариера.
Џејмс во 2013 година се ожени со својата средношколска љубов Савана Бринсон, со која денес има три деца. Тој никогаш до сега не беше поврзуван со никакви скандали.
Но, сопругата на еден НФЛ – играч и член на Денвер Бронкос, Ник Ванет, Ерза Халити деновиве изрази поинакво мислење на својот Инстаграм-профил, на кој ја следат скоро 78.000 луѓе. Поранешната Мис на Ајдахо, го напиша следново:
Дали сум единствената што не е обожавателка на Леброн? Дали сум единствената што не е обожавателка на човек што ја изневерува својата сопруга, особено со Софија Јамор?, напиша Халити.
Софија Јамор е ѕвезда на Инстаграм со над два и пол милиони следбеници, а причината зошто ги сподели овие непотврдени гласини сеуште не е позната. За сега, ниту Леброн не се изјасни околу оваа изјава која ја шокираше целокупната спортска јавност.
vecer.press