Тајмаут
ФОТО: Легендата на Јунајтед на третман, поради фудбалот останав без коса
Легендата на Манчестер Јунајтед Рајан Гигс, сега селектор на Велс, имаше третман на трансплантација, односно пресадување на коса. Вели, пораду фудбалот и стресот останал млад без коса.

Како што вели Гигс без коса останал во 30-тите години. Се плашел дека кога ќе заврне дожд за време на меч, камерите е забележат колку малку коса има. Во текот на дваесетите години имал бујна и долга коса.
-Фудбалот е стресен. Под притисок сте. Свесни сте за последиците аго загубите натпревар или не одиграте добро. Вие сте во центарот на вниманието, ако лошо играте тогаш сте цел на критики. Тогаш станува малку повеќе стресно, а стресот е поврзан со паѓањето на коса, вели Гигс.