Фудбал
ФОТО: Лидс и Алиоски се најзабавниот тим за гледање сезонава!
Офанзивната игра на Лидс за кој Алиоски веќе даде два премиерлигашки голови во минатиот месец, се најде на мета на критики на медиумите и јавноста, но менаџерот Марсело Биелса не отстапува од својата философија да игра атрактивен фудбал, па Лидс во оваа сезона се изнадава голови, ама и убедливо прими најмногу.
Статистичарите пресметале дека англискиот премиерлигаш е најзабавниот тим зашто на мечевите досега имаат 30 дадени, а и 30 примени голови или љубителите на фудбалот виделе 60 гола на нивните мечеви. Ако се пресмета во просек, после одиграни мечеви, тој е 3,75 гола по меч, што е извонредно.
Зад Лидс, на листата е француски Брест со вкупно 59 гола (29 дадени и 31 примен) на 17 меча, додека Баерн Минхен со 58 гола досега од кои 39 дадени е трет на листата.

Sport1.mk