Фудбал
ФОТО: Македонија во група за мерак, преку симулација за СП – колку ова може да биде реално?
We Global Football, страницата која редовно ги ажурира податоците за можните шешири направи симулација на ждрепката за квалификациите за Светското првенство во Катар. Интересна е симулацијата на групите во трката за пласман на Мундијалот во Катар, а според оваа шема, противници би ни биле Холандија, Велс, Унгарија, Казахстан и Гибралтар во Ј групата.
Македонија ќе се најде во четвртиот шешир пред ждрепката, а според симулираното извлекување „рисовите“ добија група „по мерка“. Македонија се најде во последната група Ј, каде што од првиот шешир се најде ривалот за Европското првенство Холандија, од вториот Велс, од третиот Унгарија и од петтиот и шестиот, Казахстан и Гибралтар.
Based on where things stand right now, here's a simulated draw for UEFA World Cup Qualifying. pic.twitter.com/BMN1YX13HJ
— We Global Football (@We_Global) November 15, 2020
За потсетување, ждрепката на квалификациите за СП е на програмата на 7 декември во Нион. Вкупно 55 репрезентации ќе бидат поделени во 10 групи. Една половина од групите ќе бидат со шест, а другата половина со по пет екипи. На светското првенство ќе се пласираат победниците во групите, додека второпласираните ќе играат во бараж. Во баражот ќе играат и двете најдобри селекции од Лигата на нации кои преку квалификациите не завршиле на првите две места во своите групи.