Connect with us

Други спортови

ФОТО: Македонски борач убиен утрово при грабеж на казино, работел како обезбедување

Две жртви при грабеж на казино во Блаце. Една од жртвите е македонскиот борач Буњамин Нуиши. Неговиот клуб Тефејуз се прости од него на социјалните мрежи.

Македонскиот борач Буњамин Нуиши е една од жртвите во грабежот кој се случи во казино во Блаце, објавија од неговиот клуб.

Во моментот на престрелката која се случи синоќа, тој работел во казиното како обезбедување, a починал откако бил удрен со кундак во главата.

Ова е целосното соопштение од МВР

На 15 февруари 2020 во 04:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото. Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал. Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале, информира МВР.