Connect with us

Фудбал

ФОТО: Македонски тим во стилот на големите европски клубови

Ретките се фудбалските стадиони во Македонија кои наликуваат на стадионите во европските лиги. Но, полека клубовите кај нас сфаќаат дека и тоа е дел од начинот да се зголеми успехот, пред се во подигнувањето на самодовербата на фудбалерите, да се чуствуваат дека се третирани како професионалци, да играат на терен на каков што заслужуваат.

Фудбалскиот клуб Беласица, од каде што „никнаа“ голем број на познати македонски фудбалски имиња, пред се Горан Пандев, Ацо Стојков, Роберт и Горан Попов, Балдовалиев, реши да го реновира и уреди подтрибинскиот простор на својот стадион.

Навистина, според фотографиите наликува на стадионите на поголемите европски клубови.

Беласица е лидер во Втората македонска фудбалска лига и веројатно се подготува за влез во Првата. Се уште не е познато кога и дали ќе продолжи сезоната, ниту како ќе заврши.