Connect with us

Други спортови

ФОТО: Македонските „Спартанци“ во воени дресови

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во салата „Борис Трајковски“ го игра финалето на меморијалниот турнир „Бранко Хаџиилијоски – Чајка“. Противник е селекцијата на Словачка, мечот се игра во моментов, резултатот е 2:1 во сетови за противникот. Пренос има на МРТ3, а она што е интересно се дресовите во кои настапуваат македонските „Спартанци“, како што популарно се нарекуваат одбојкарите. Тие во финалето играат во воени дресови.