Connect with us

Други спортови

ФОТО: Македонци триумфираа со „еден-два“ победа на Твинго Куп во Гробник

Фантастични интернационални резултати забележаа македонските Twingo CUP возачи изминатиов викенд. Демонстрираа квалитет, успеаа да се искачат на врвот и достоинствено да ја претстават нашата држава.

Со својот маестрален настап  на тркачката патека Гробник, Хрватска за прв пат нашите Twingo Cup возачи се искачија на подиумот во генерален пласман во конкуренција со 32 возачи од неколку земји. На Гробник се возеа викендов две трки, а на втората имаше целосна доминација на македонските возачи.

Особено драматична и возбудлива беше втората трка на која Марко Блажевски и Давид Малинковски, иако тргнаа од четвртиот ред на стартот, по 25 минути возење на целта  стигнаа на првите две места. Постојано беа меѓу најдобрите 8, се пробиваа низ патеката, и меѓусебе се поддржуваа. Таа тимска работа на крај им донесе и радост.

Марко Блажевски е првиот Македонец кој триумфираше на FIA CEZ трката на Twingo CUP , зад него беше Давид Малинковски, додека пак трет зад нив беше унгарецот Лантос. Во текот на целата трка Блажевски и Малинковски беа во линија со водечките, го чекаа моментот и последните кругови Блажевски откако го презеде водството остана таму до крајот.

Воедно ова беше и финална трка на втората сезона на Twingo CUP каде трофејот за првото место му припадна на Давид Малинковски со вкупно 122 бода. Малинковски сезонава имаше четири победи на осум трки, Блажевски победи двапати, а по еднаш Мартин Костовски и Владимир Тренески.

Второто место во генерален пласман сезона му припадна на младиот Мартин Костовски со освоени вкупно 82 бода, додека пак трет е Ангелче Стојковски со освоени 80 бода.

За следната година, во третата сезона на Twingo Cup планирано е возење на патеките на Серес – Грција, Гробник – Хрватска, Словакиаринг – Словачка, Red bull Ring -Австрија каде македонските Twingo CUP возачи ќе се борат за главната награда, а тоа е 100% Електричен Renault Twizy .

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама