Connect with us

Фудбал

ФОТО: Малку тажна фотографија од Јувентус – Сите се тука, но него го нема…

Новиот голман на Јувентус, Матија Перин, на Твитер објави сосема обична фотографија што може да предизвика тага на лицата на навивачите на Старата дама.

Всушност, тој одлучи да сподели со фановите фотографија од турнејата во САД, а на фотографијата е со уште тројца соиграчи кои исто така се голмани.

Се разбира, кога станува збор за голманот на Јувентус, ние сме навикнати да само на еден човек во изминатите 17 години – Џанлуиџи Буфон, но очигледно, времињата се менуваат, а ние треба да се навикнеме на Јувентус без Буфон.

Тоа е само прашање на време колку ќе биде потребно фанови на Старата дама да се помират со овој факт…