Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мбапе во транс по мечот Сампдорија-Милан, па тој човек има 38 години!

Милан ја совлада Сампдорија со 4:1 и уште еднаш покажа дека се во одлична форма по рестартирањето на сезоната поради паузата од коронавирусот. Посебно на синоќешниот меч блескаше Златан Ибрахимовиќ кој постигна два гола.

Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок пристигна во Милан како слободен играч, а бидејќи има 38 години многумина беа скептични. Сепак, тој се покажа како одлично освежување за тимот на Стефано Пиоли.

Синоќешниот меч го прокоментира и напаѓачот на ПСЖ, Килијан МБапе.

-Во моментов гледам снимка од мечот на Милан. Златан се уште е неверојатен играч. Човекот има 38 години. Толку од мене, ви посакувам убав ден, порача Мбапе.