Connect with us

Фудбал

ФОТО: Мечот на Лидс на нашиот Алиоски против Фулам ќе го „гледа“ Осама Бин Ладен

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и неговиот Лидс против Фулам во сабота ќе го одиграат првиот првенствен меч по паузата поради коронавирусот. Секако, стадионот ќе биде празен. Но, како во другите лиги, така и во Чемпионшип во Англија клубовите на трибините ставаат макети од навивачи, за да на камерите, барем на оние широки кадри наликува дека има публика.

Сепак, во Лидс малку се занесоа, па дури не ни помислија дека ќе предизвикаат реакции во јавноста со нивниот потег. Имено, на трибините е поставека макета со ликот на Осама Бин Ладен, познатиот терорист од Ал Каеда, кој беше ликвидиран пред неколку години од страна на американските специјалци.

Инаку, поставувањето на ликовите, односно макетите се плаќа. Секој навивач наводно уплаќа по 25 фунти, испраќа своја фотографија која на цел меч стои на трибините. Очигледно дека некој навивач имал чуден смисол за хумор, кој поминал кај надлежните во Лидс.