Connect with us

Фудбал

ФОТО: Медиумите го „распнаа“ Реал Мадрид – „ВАР лидери“

Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад и сега се израмни по бројот на бодови со Барселона. Но, поради подобрата гол разлика се наоѓаат на челната позиција на табелата. Сепак, овој дуел предизвика многу контроверзии, а „Кралевите“ буквално се „распнати“ од страна на медиумите. „Вар лидери“, „Скандал на Аноета“, се само дел од насловите во медиумите.

Медиумите коментираат дека пеналот над Винисиус бил дискутабилен, дека голот на Јанузај требал да важи бидејќи видот на Куртоа не бил попречен, голманот ја забележал топката и навреме се фрлил, како и дека Бензема играл со рака при голот за 0-2.

-Реал Мадрид поведе со 0-1 со ВАР пенал, погодокот на Јанузај за 1-1 беше поништен, а водството од 0-2 беше потврдено и покрај тоа што Бензема ја исконтролира топката со рака, пишуваат дел од медиумите.

Зинедин Зидан е разочаран. Вели дека сите зборуваат за ова, а испаѓа дека тие ништо не прават, односно дека неговите фудбалери не играат на теренот, што секако според него не е точно. Како што вели тој победата е заслужена.