Connect with us

Фудбал

ФОТО: Меси купил стан во близина на седиштето на Интер

Откако минатата недела се појавија информации дека таткото на Лионел Меси, Хорхе бил во Милано и купувал недвижнини, нова информација која што ја разбранува италијанската јавност, пред се навивачите на Интер.

Дел од италијанските медиуми објавија информација дека семејството Меси купиле стан во луксузната зграда во квартот Торе Солариа, која се наоѓа во близина на седиштето на италијанскиот гигант Интер.

Сепак, ова не мора да значи ништо, бидејќи дел од медиумите тврдат дека поради помалиот данок, семејството Меси вложува во недвижнини во Милано. Но, дали се е само во прашање тоа, или сепак нешто друго се подготвува, ќе покаже времето.

Пред само неколку дена Конте, но и спортскиот директор на Интер, Бепе Марота беа запрашани за шансите Меси да дојде во Милано, а тие одговорија дека во моментов италијанскиот клуб не може да си го дозволи Аргентинецот.