Connect with us

Фудбал

ФОТО: Меси со радикален ултиматум до Барселона, во спротивно дефинитивно заминува!?

Се потензична станува атмосферата во Барселона, пишуваат шпанските медиуми. „ El Chiringuito TV“ тврди дека Лионел Меси поставил радикален услов до раководството на тимот, а доколку не му ги исполнат барањата, тој ќе замине.

Како што објави овој медиум, Аргентинецот побарал нови избори во Барселона, со надеж дека Бартомеу ќе биде сменет од претседателската функција. Новиот прв човек на клубот би го натерал да го донесе Чави за тренер, а секако би го немало ниту Ерик Абидал на позицијата спортски директор. Ова би значелот дека доминацијата на Меси, освен на теренот ќе продолжи и надвор од него.

Проблемите настанаа откако Абидал критикуваше некои играчи за заминувањето на екс тренерот Ернесто Валверде, а Меси застана во нивна одбрана. Абидал има довеба од раководството, а првиот човек Жозеп Бартомеу се обидел да ги смири на состанок, кој завршил безуспешно.

Угледниот италијански весник Газета дело Спорт објави дека Манчестер Сити, Јунајтед, ПСЖ, Јувентус и Интер будно ја следат ситуацијата и подготвени се да се пуштат во трка за потписот на Меси доколку тој донесе одлука да замине.