Фудбал
ФОТО: Милан „брка“ четврта победа во низа, но го нема Златан Ибрахимовиќ
Милан утре попладне и гостува на Верона. Ќе „брка“ четврта победа и покрај тоа што нема да бидат комплетни.
Најголемото отсуство дефинитивно ќе биде она на Златан Ибрахимовиќ, кој, како што објавија италијанските медиуми, има грип и физичка истоштеност.
Друг играч кој ќе го пропушти натпреварот поради грипот е Симон Кјаер.
Третиот играч што го пропушти мечот, заедно со суспендираниот Бенасер, е Раде Круниќ. Сепак, проблемот со мускулите го исфрли од комбинација за овој дуел.
Натпреварот се игра со почеток во 15:00 часот.