Анхел Кореа, фудбалер на Атлетико Мадрид, веројатно нема многу причини за радост на фудбалското поле со оглед на тоа дека неговиот тим игра доста лошо во однос на минатата сезона. Во моментов се на петото место со 44 бодови, а во досегашниот тек од првенството имаат 11 победи, исто толку нерешени и 4 порази.
Сепак, Кореа има кој да го теши. Тој е во врска со мисицата на Шпанија, преубавата Десери Кордоро.
Таа кусо време беше во врска со Кристијано Роналдо, кога Португалецот раскина со Ирина Шаик.