Connect with us

Фудбал

ФОТО: Му се смееше во лице на Мегваер по голот, а потоа фудбалот му покажа колку може да биде суров

Манчестер Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ го победи Тотенхем со 3:2.

Љубителите на фудбалот можеа да уживаат во натпреварот помеѓу Јунајтед и Тотенхем, на кој видовме дури пет гола и уште едно маестрално издание на Кристијано Роналдо, кој постигна хет-трик и им донесе победа на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед поведе во 12. минута кога Роналдо постигна фантастичен гол на над 20 метри за 1:0. Сепак, Тотенхем се врати во 35. минута откако Хари Кејн од пенал погоди за 1-1.

Но, само три минути подоцна „црвените ѓаволи“ повторно поведоа. Во центарот на вниманието овојпат беше Роналдо, кој зголеми на 2:1 откако Џејдон Санчо брилијантно го ангажираше.

Нов шок за навивачите на Јунајтед пристигна во 72. минута. Трагичар повторно беше Хари Мегваер кој си постигна автогол за 2:2, но во центарот на вниманието беше противничкиот стопер Кристијан Ромеро кој му се насмеа во лице на Мегваер по автоголот.

Сепак, фудбалот уште еднаш покажа колку може да биде сурово кога се однесуваш толку грубо. Имено, само девет минути подоцна Јунајтед постигна гол за 3:2 кога Роналдо со одличен удар со глава го совлада Лорис и му донесе победа на својот тим.

Ромеро повторно беше во центарот на вниманието по овој гол, но сега не беше дораснат да ги слави и исмева противниците.