Други спортови
ФОТО: Мурал на Михаел Шумахер во Сараево
Мурал посветен на легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер, осамна на зграда во Сараево. Завршен е на 3-ти јануари, на роденденот на легендарниот Германец.
Ова е дело на уметниците Ведран Поричанин, Емир Мушиќ, Ријад Хаџиќ и Бенјамин Ченгиќ.
Симболично, зградата се наоѓа во делот на градот каде што Шумахер ги посети децата по војната во БиХ, како дел од проектот на УНЕСКО за собирање пари за лекување на децата жртви на гранатирање.
Муралот што ќе го краси овој дел од Сараево е со димензии 10х13 метри.