Фудбал
ФОТО: Мурињо го остави Ериксен на клупа и го прозва Антонио Конте
Тотенхем во овие моменти му гостува на Ватфорд. Кристијан Ериксен кој подолго време се поврзува со Интер, е на клупата за резервни играчи, иако Мурињо најави дека тој ќе настапи на овој меч.
Сепак, во пресрет на дуелот поранешниот тренер на Интер не ја пропушти можноста да го искритикува Антонио Конте.

– Тој е скоро сигурен дека Ериксен оди во Интер. Не треба да зборуваме за играчи од други клубови сè додека не станат наши играчи. Ме прашавте за Жедсон Фернандеш во моментот кога започна да се шпекулира, а јас не ви кажав ништо додека не стана наш фудбалер. Мора да ги заштитите сите. Дали е прашање на почит? Не сакам да создавам наслови. Ова е ваша работа. Доколку се сигурни во Интер, тогаш се сигурни, затоа што се подготвени да ни понудат понуда, што сè уште не се случила. Затоа, кога гледам како луѓето зборуваат, претежно луѓе со одговорности, малку се изненадувам, рече Жeозе Мурињо.