Connect with us

Кошарка

ФОТО НА ДЕНОТ: Натурализираниот Македонец ѕверски „забива“ против Италија

Македонија вчера одигра силен меч против Италија. На крајот пораз од 92:84, но на полувремето водевме, а позитивен резултат испуштивме во последните минити.

Најефикасен во нашиот табор беше Димитријевиќ со 24 поени и 12 асистенции. Одличен меч одигра и натурализираниот Македонец Џејкоб Вајли, кој имаше неколку атрактивни поени, вкупно 17. Особено забивањето, а тоа е овековечено со фотографија, која ја прогласуваме за фото на денот.