Фудбал
ФОТО: На новите дресови на Борусија доминираат црната и жолтата боја, но шарите се вистинско освежување
Првите фотографии од домашните дресови на Борусија Дортмунд за следните сезони започнаа да кружат на Интернет.
Како што се очекуваше, во дресовите доминираат црната и жолтата боја, додека просторот за логото на спонзорството е сè уште празен, со оглед на тоа дека клубот од Дортмунд го менува главниот спонзор.
Така, Евоник ќе биде спонзор во ДФБ Купот, Лигата на шампионите и меѓународната пријателска, додека за време на натпреварите во Бундес лигата, на градите ќе има лого од „1 & 1“ компанија.
Друга новина е дизајнот на црните шари на маичката, кои се инспирирани од подземната станица која се наоѓа во близина на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.

Пума се определи за класичен дизајн на шорцеви и чорапи кои ќе бидат црни, односно жолти. Дресовите ќе излезат во продажба на 1 јули, кога ќе стапи на сила договорот со компанијата „1 & 1“.