Други спортови
ФОТО: Надал со патерици
Моментно петторангираниот тенисер во светот и сопственик на 20 грен – слем титули, Рафаел Надал објави дека имал лекарски третман на левото стапало.
– Бев во Барселона со својот тим и лекарската екипа и добив третман поради кој ќе морам да мирувам неколку денови, а извесен период и од тениските терени, порача 35-годишниот Надал.
Тој објави фотографии по третманот, кои покажуваат дека шпанскиот тенисер во овој момент има потреба од патерици за да се движи.
Ниту Надал, ниту шпанските медиуми, не наведоа за каков третман станува збор и колку долго ќе мора да паузира од тенисот.