Тајмаут
ФОТО: Напаѓач на Реал Мадрид поради оваа девојка „избегал“ од карантин
Напаѓачот на Реал Мадрид Лука Јовиќ предизвика скандал откако одлучи да замине од Мадрид и да дојде во Белград. Со ова тој го прекршил правилото и препораките за мерките за самоизолација.
Причина е неговата девојка Софија Милошевиќ.
Но, во Србија му се налутија. Со оглед на тоа дека таму владее полициски час и строги мерки поради коронавирусот, ќе следува и казна.
-Јовиќ го напуштил карантинот во Мадрид и дојде во Србија, да го прослави роденденот на неговата девојка Софија Милошевиќ, што може да се види и од фотографиите на социјалните мрежи. Против него ќе биде покрената кривична пријава поради непочитување за самоизолација, велат извори за српските медиуми.