Фудбал
ФОТО: Навивачите на Интер во „транс“, купен е фудбалерот на Реал Мадрид
Заврши сагата. Ашраф Хакими од денеска и официјално е нов фудбалер на Интер. Италијанскиот гигант соопшти дека Мароканецот потпишал договор до 30-јуни 2025-та година. Хакими, кој има 21 година, е практично инвестиција за иднината на десната бековска позиција. Тој го чинеше Интер 40 +15 милиони, во зависност од бонусите.
Во последните две години тој многу успешно го носеше дресот на Борусија Дортмунд, но сепак е во сопственост на Реал Мадрид. Иако имаше најави дека Зинедин Зидан ќе ја повлече неговата позајмица и дека од следната сезона сериозно ќе смета на неговите услуги, сепак поради коронакризата најверојатно „кралскиот“ клуб мораше да продава.
Навивачите на Интер се во „транс“ бидејќи Хакими пред три дена беше во Милано на лекарски прегледи. Особено се задоволни ако се знае дека веќе неколку години нивниот тим не можеше да најде адекватно решение за десната бековска позиција. Сега сметаат дека со Хакими проблемот е решен.